Лесновскиот зелник е вкусно традиционално јадење познато не само во Осоговскиот регион туку и пошироко во Македонија.Уште од дамнешни времиња зелникот во лесновските семјства се подготвувал на посебен начин и се разликува од останатите краишта. Во минатото ова јадење било многу посакувано и се подготвувало за време на празници,народни веселби,домашни слави но и во останатите денови. За време турско покрај Лесновското печено јагне,Лесновскиот зелник бил често на менито на турските бегови во околината на Лесново. Лесновскиот зелник и денес се подготвува на ист начин.

За време на манифестацијата ,,Зелникот на баба,, која што се одржува секоја година во Пробиштип многу посетители и гости доаѓаат да го пробаат ова вкусно јадење.