Еднодневна планинарска акција
Патека: с.Сопот-с.Преот-Врв Ѓуриште-Ѓуришки манастир-с.Сопот
Ѓуришка планина или Ѓуриште е нискарасчленета планина која што се протега во правец југозапад-североистокпомеѓу долниот тек на Пчиња на запад и Овче Поле на исток долга околу 30км.Највисок врв е Ѓуриште (861м),потоа Венец(856м),Голиќ(790м) и уште неколку врвови.Планината е обрасната со густи нискостеблести растенија и грмушки каквишто се дренот,дивиот јоргован,прнарот,дабот,врбата,тополата и др.
Планината се граничи со Скопска Котлина на северозапад,Кумановско од север и североисток,Овче Поле од исток и југоисток и Велешко од југозапад.
Во месноста Ѓуриште е сместен познатиот средновековен Ѓуришки манастир(11-12век) посветен на Рождеството на Пресвета Богородица.
ПОСЕТЕТЕ ГО ГРАДОТ СО ЕДИНСТВЕНО И НАЈУБАВО АПОСТОЛСКО ИМЕ ВО МАКЕДОНИЈА.
БИДЕТЕ УЧЕСНИК ВО ПЛАНИНАРСКАТА АКЦИЈА ВО СВ. НИКОЛЕ НА 5 АПРИЛ
И не само тоа.Св.Николе и неговата околина се преполни со природни убавини и културни вредности кои што водат потекло пред нашата ера.Археолошки наоѓалишта,стари цркви и манастири,древни села,разни знаменитости се само дел од историјата и богатото културно наследство на Овче Поле. Свети Николе и Овче Поле важат за културна ризница во Македонија која што сеуште не е истражена.На овие простори во далечното минато постоеле дури 365 цркви и манастири кои што во најголем број се срушени или уништени.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАТЕКАТА
Патеката е кружна, очистена и обележана
Должина: 13,5км
Висинска разлика: 500м
Категоризација. умерено лесна
Времетраење: 4 часа
ОПИС НА ПАТЕКАТА
Патеката поминува низ источната и североисточната страна на Ѓуричка планина.Стартот на патеката од училиштето во Светиниколското село Сопот(8км североисточно од Св.Николе),поминува низ селото и по широк земјен пат продолжува кон живописното село Преот поминувајќи покрај убавата селска чешма и доаѓа до месноста каде што има остатоци од поранешното селско училиште на прекрасна локација па од таму продолжува кон уште една чешма наречена Орашка чешма и остепено благо се издига кон северозапад па низ густа дабова шума убавиот пат продолжува понатаму од каде што се пружа прекрасна глетка кон Кумановско,Овче Поле,Кратовско,Пробиштипско,Осоговските планини,Плачковица,прекрасна панорама која што не може да се опише туку треба лично да се види и доживее.Понатаму патеката продолжува уште малку и врти по куса угорнина во правец кон врвот Ѓуриште и Ѓуришки манастир(Рождество на Пресвета Богородица) па се спојува со широк пат и од таму лево по широк и рамен пат води до рскрсницата каде што врти десно до највисоката точка Врв Ѓуриште и од врвот лево и надолу низ густа шума и неверојатно убава природа се спушта до Ѓуришкиот манастир.Потоа од манастирот патеката благо се спушта надолу кон Барешка чешма од каде што низ зимзелена шума продолжува надолу и повторно завршува во селото Сопот.
ПОТРЕБНО ДА ЗНАЕТЕ
Потребна ви е планинарска облека и опрема според годишното време и временските услови
Вода долж патеката: 6 чешми
Храна: Од ранец
Постои можност за обезбедување бесплатен ручек во манастирот
Паузи: Повеќе од кои најдолгата во манастирот
Собирање на групата: Во дворот на училиштето во с.Сопот до 8 часот
Старт: с.Сопот,Светиниколско во 8 часот наутро
НАПОМЕНА
Учесниците во акцијата се должни да ги почитуваат насоките и советите на водачите
Не се оддалечувајте и не скршнувајте сами од патеката
Секој учествува на своја одговорност
Утрото ги оставаме своите возила во дворот на училиштето во Сопот и на враќање повторно си ги земаме од истото место
Водачи: Стојанче Петровски,Иван Митев и Славче Митевски
Рок за пријавување: Петок,3 април 2020
Пријавување: Моб. 070 928 923,

Е-пошта: mitevskislavce1@yahoo.com