Карактеристики на патеката:
Должина: 13км(2x6.5км)
Времетраење: 5 часа(4часа+1час пауза)
Тежина: умерено лесна
Висинска разлика: 540м
Паузи: Повеќе(најдолгата е на Илински врв,1 час))
Патеката е целосно очистена и обележана
Атракции.
Илински врв,крст(1127м)
Монашки пештерски испосници
Пештерски цркви
Воденични пештери
Вулкански карпи,ингимбрити
Атрактивниот кањон на Лесновска река
Лесновскиот кратер
Лесновската купа
Вулканскиот рељеф
Прекрасни пејзажи и панорама
Манастирот Св.Гаврил Лесновски(1341 год.)
Вкусни локални специјалитети
Сите овие атракции ќе ги посетиме и уживаме во нив
Опис на патеката и детали.
Патеката стартува во 9 часот наутро на 1км над Злетово,поминува низ многу атрактивен вулкански предел покрај интересни локации и покрај испосницата на Св.Гаврил Лесновски и постепено благо се издига до рамна површина на повисока локација од каде што непосредно се гледа атрактивниот и длабок кањон на Лесновска река и необични рељефни форми како последица на силна вулканска активност во минатото и по кусо одење повторно доаѓаме до атрактивна локација Лесновските воденични пештери кои што ги разгледуваме и после нив од спротива ја посетуваме пештерската црква во близина Св.Богородица па од таму назад се упатуваме кон Лесново при што на височинката правиме кратка пауза од каде што се пружа прекрасен поглед кон Лесново и манастирот па по кратката пауза

продолжуваме кон селото поминувајќи низ него се упатуваме кон Илински врв и низ блага угорнина се искачуваме на врвот ја посетуваме несекојдневната испосница на Св.Гаврил па се се враќаме до врвот каде што правиме подолга пауза од 1 час и уживаме во прекрасните глетки кон Јакупица,Скопска Црна Гора,Шара,Осоговските планини,Плачковица,Огражден,Беласица,Кожуф,Штипско,Овче Поле,Кратовско,Злетовска река,Лесново и околината и Лесновскиот манастир.После одморот полека се спуштаме низ густа дабова шума кон Лесново го посетуваме Лесновскиот манастир па се спуштаме и враќаме на појдовното место каде што завршува патеката.
Потребно да знаеме:
Потребна е задоволителна психофизичка подготвеност
Планинарска облека и опрема согласно годишното доба и временските услови
Вода: 1л
Напомена: Почитувајте и насоките и советите на водачите
Секој учествува на своја одговорност
Внимание:
Место на собирање: Малиот плоштад(Десетски гумна) во Злетово
Време на собирање: до 8.50 часот.
Во 8.50 часот сите заедно од плоштадот Десетски гумна во Злетово се упатуваме кон стартното место на патеката 1км над Злетово
Старт на патеката. 9 час наутро Сите возила ги оставаме на стартното место и на враќање повторно си ги земаме од истото место
Пријавување: Моб.070 928 923, E-mail. mitevskislavce1@yahoo.com
Рок: Петок,20 март 2020